Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона инсистира на Пјаниќ, но може да го замени со ѕвезда на Наполи

Објавено

на

Барселона може да го сврти своето внимание кон Фабијан Руиз, доколку посакуваната размена со Јувентус за Миралем Пјаниќ не вроди со плод.

Каталонците сакаа да го добијат креативецот од средниот ред на „бјанконерите“ по цена да го загубат Артур, но Бразилецот испраќа јасни сигнали дека не сака да го напушти „Камп Ноу“.

Руиз е трансфер мета и на Реал Мадрид, а Наполи за неговите услуги веројатно ќе бара околу 60 милиони евра, што е двојно повеќе од сумата која ја плати за него кога тој беше дел од Бетис.

Шпанскиот репрезентативец има голем потенцијал, а со своите 24 години изгледа и како подобра инвестиција во однос на Пјаниќ, чија предност е поголемото искуство.

Италијанските медиуми тврдат дека Руиз одбил да потпише нов договор со Наполи, што наведува на заклучок дека е отворен за трансфер во друга екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни