Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона има отворен пат за наследникот на Бускетс, каталонците ќе се ослободат од еден дефанзивец

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона има огрничени финансиски ресурси, па истите ќе се обиде да ги искористи на најдобар начин и со тоа му овозможи на Чави Ернандес што покомпетитивен тим во наредната сезона.

Заминувањето на Серхио Бускетс е голем проблем за Барселона особено ако се земе во предвид тоа што не можат да се исполнат главните цели, замисли на Чави, ангажмани на играчи како Зубименди или Кимих, а не се реализираше ниту опција Брозовиќ.

Се бара некое поевтино, привремено решение и се чини тоа ќе биде Ориол Ромеу, играчот кој беше дел од Ла Масија и во минатото настапуваше за втората екипа. Ромеу е дел од Џирона, клуб со кој има договор во кој откупната клаузула изнесува 10 милиони евра.

Барса не сака да ја плати таа сума, поточно ќе разговара со соседот и ќе понуди решение за намалување на истата. Тоа што е позитивно е дека Ориол е подготвен да каже „ДА“, односно тој е спремен да се врати на „Камп Ноу“. Договорот би бил на две плус една година што значи идентичен со Илкај Гундоган.

Во исто време шпанскиот шампион решава и други задачи и според „Спорт“ клубот може да го напушти Ерик Гарсија. Се работи за позајмица во Бетис, тим во кој би добил далеку поголема минутажа и би бил постандарден. Конкуренцијата во сегашната средина е голема, а истата ќе биде „збогатена“ со ангажманот на Ињиго Мартинез кој е завршена работа, поточно се чека само официјална промоција.

Деко кој сега има значајна улога во великанот сака екипата да има четворица стопери (Кунде, Араухо, Кристенсен, Мартинез), два леви бека (Балде и Алонсо) и еден десен бек, специјалист за таа позиција. Иако се споменува Жоао Кансело како опција, во моментов далеку пореална е можноста за трансфер на Иван Фреснеда од Валјадолид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни