Поврзете се со нас

Англија

Барселона има конечен договор со Рафиња, но може да остане без услугите на играчот

Објавено

на

Од таборот на Барселона веќе извесен период се обидуваат да го донесат бразилскиот репрезентативец од редовите на Лидс, Рафиња.

„Каталонците“ веќе имаат целосен договор со агентот на фудаблерот, Деко, за личните примања на офанзивецот.

Уште во февруари била договорена петгодишна соработка за која двете страни пуштиле рака, но трансферот не се реализира поради преголемите барања на Лидс Јунајтед.

Англискиот клуб  за услугите на својот најдобар фудбалер бара 55 милиони евра, сума која од Барселона не планираат да ја платат.

Токму затоа, трансферот на Рафиња на „Камп Ноу“ сега е доведен во прашање затоа што веќе се појавиле клубови кои се подготвени да платат токлку пари за да го обезбедат потписот на одличниот офанзивец.

Имено, Арсенал и Манчестер Јунајтед биле подготвени да влезат во преговори за играчот кој дефинитивно ќе си замине од „Еланд Роуд“ ова лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни