Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона им се заблагодари на тројца играчи од првиот тим и се погрижи за конфузија на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Крајот на месец јуни означува и крај на многу договори во професионалниот фудбал, а Барселона во обид да им се заблагодари на своите првотимци, направи голема конфузија и мораше да брише објави на социјалните мрежи.

Каталонскиот гигант не пропушти да потенцира дека денеска им истекоа договорите на Маркос Алонсо, Жоао Кансело и Жоао Феликс, а бидејќи со објавите им се заблагодари и на двајцата Португалци, на крајот мораше да го повлекува направеното.

Барса мораше формално да објави за крајот на позајмиците на фудбалерите со кои се преговара да останат и натаму на „Камп Ноу“, но поради тоа што во објавите стоеше натписот „не продолжуваат“, клубот реши да ја поправи грешката со бриеше на соопштенијата.

Жоан Лапорта и Деко преговараат со Манчестер Сити и Атлетико Мадрид за продолжен престој на двајцата играчи со исто име во Каталонија, па споделената вест погрешно се толкуваше од фановите и донесе непотребна конфузија пред стартот на месец јули.

По направената корекција, Барселона го задржа постот со Маркос Алонсо, искусниот лев бек кој и дефинитивно го заврши својот престој во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни