Барселона идентификуваше долгорочна замена за Бускетс

buskets-atletiko

Барселона идентификуваше совршена замена за Серхио Бускетс, објави „Ел Мундо Депортиво“.

29-годишниот Бускетс засега не оди никаде, но каталонскиот гигант веќе размислува за иднина. Барселона го следи талентираниот играч од средниот ред на Ајакс Френки де Јонг, кој неодамна го продолжи договорот со холандскиот клуб до 2022 година.

Според „Ел Мундо Депортиво“, Барселона наскоро ќе почне преговори со Ајакс околу износот на обесштетувањето за 20-годишникот. Во случај двата клуба да се договорат, играчот ќе остане на „Амстердам Арена“ на заем за да се стекне со искуство во холандскиот шампионат, но и во европските натпреварувања.

 

Facebook Коментари