Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона и Реал закажаа летно „Ел Класико“ во Њу Џерси

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид и летово ќе патуваат во САД за да одиграат неколку контролни натпревари, а фудбалските фанови ќе имаат можност да проследат уште едно летно „Ел Класико“ соочување.

Организаторите на турнејата на неколку европски клубови денеска ги потврдија термините и стадионите на кои ќе се играат натпреварите, а Барса и Реал ќе се соочат во Њу Џерси на 3. август.

Американските медиуми тврдат дека шпанското дерби ќе се игра на стадионот „МетЛајф“, кој има капацитет од 82.500 гледачи и е домаќин на НФЛ натпреварите на Њујорк Џајнтс и Њујорк Џетс.

Пресметките на европските клубови ќе ја отворат Манчестер Сити и Милан на „Јенки“ стадионот на 27. јули, три дена подоцна Барселона ќе игра со Сити во Орландо, на 31. јули Реал Мадрид ќе игра против Милан во Чикаго, по што следува „Ел Класико“.

Барса и Милан ќе се соочат на 6. август во Балтимор, додека турнејата завршува со соочување на Реал и Челси на 7. август и тоа во Шарлот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни