Поврзете се со нас

Евролига

Барселона и Реал забележаа нови победи, драмата со две продолженија му припадна на Баерн (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Шпанските великани Реал Мадрид и Барселона запишаа нови победи во рамките на 10. коло во Евролигата.

„Кралевите“ остануваат со 100 процентен учинок и по соочувањето со Алба Берлин кое го реализираа со 99:75. Домаќините диктираа темпо од првата четвртина, ги добија сите периоди и тоа во средба во која блескаше Хезоња со 26 поени.

Барса пак беше поуспешна од Макаби Тел Авив во Белград со 92:90. Доста неизвесно, возбудливо беше до самиот крај, поточно за нијанса подобро се снајдоа избраниците на Гримау. Лапровитола уфрли 23 поени, Абринес имаше 16 реализации, додека Ернангомез застана на 13 кошеви и 8 скокови.

Виртус Болоња беше подобра од Фенербахче (87:79), Панатинаикос од Валенсија (90:73), додека најдраматично беше во Франција каде Асвел и Баерн играа две продолженија за да се добие победникот или во случајот тоа беше составот од Минхен кој славеше сп 101:100.

Болмаро и Букер беа први стрелци со по 16 поени, кај домаќините Ловерњ и Скот искомбинираа 42 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни