Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона и Реал останаа со празни раце: Шпански репрезентаитвец потпиша нов договор со Билбао (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ATHLETICCLUB

Се почесто клубовите се обидуваат да добијат играчи без да платат никакво трансфер обештетување, односно играчи на кои им завршува договорот и како слободен агент да го привлечат во своите редови.

Токму еден таков одличен ас на кој му истекуваше договорот беше шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс кој во изминатиов период беше поврзуван со многу клубови како Барселона, Реал Мадрид, неколку премиерлигаши кои сакаа да ја искористат шансата и да го доведат во 2024 година.

Меѓутоа истите ќе мора да бараат други решение затоа што талентираниото крило се реши да му остане верен на Атлетик Билбао најмалку до 30 јуни 2027 година.

-Многу сум среќен што сум овде во Билбао и што останувам со ова големо семејство. Овде сум од својата 11 година. Ова е остварување на сонот. Сега морам да продолжам да работам напорно, -порача Вилијамс кој со пет асистенции е најдобар во оваа категорија во Ла Лига во натпреварувачката 2023/2024.

Во Билбао игра и братот на Нико, искусниот Ињаки што значи дека баскијците можат да бидат мирни кога е во прашање напаѓачката линија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни