Поврзете се со нас

Свет

Барселона и Реал ја продолжија кошаркарската војна

Објавено

на

Барселона и Реал Мадрид се големи спортски ривали во секој спорт, па така е и во кошарката каде интересно во овој преодон рок можевме да видиме како неколку играчи од Каталонија завршуваат во шпанската престолнина и обратно.

Имено прво плејмејкерот, Тома Ертел ја замени Барселона со Реал за да потоа тоа го направи и унгарскиот репрезентативец Адам Ханга. Сега стигна одговорот од „Палау Блауграна“, па така најнов член на шпанскиот првак е Николас Лапровитола.

Тој во минативе две сезона беше дел од „кралевите“, меѓутоа сега во наредните две ќе игра за Барселона.

Ако се биде како што треба и тој го мине медицинските тестови ќе стави договор до 2023 година со што ќе стане трето засилување за тренерот Шарунас Јасикевичиус по Рокас Јокубаитис и Сертач Шанли.

Инаку Лапровитола во моментов игра за Аргенина на ЛОИ во Токио. Во својата досегашна кариера освен во Шпанија и во својата земја има настапувано во Русија и НБА лигата каде го носеше дресот на Сан Антонио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни