Поврзете се со нас

Англија

Барселона и официјално го продаде својот фудбалер во Премиер лигата

Објавено

на

Предмалку пристигна и официјална потврда на тоа што се шпекулираше во изминатите неколку денови, а беше поврзано со заминување на еден фудбалер на Барселона во Премиер лигата.

Португалскиот интернационалец, Нелсон Семедо го официјализираше својот договор со тимот на Вулверхемптон и си замина од Барселона по три години поминати во клубот.

26 годишниот фудбалер во Барселона пристигна во 2017 година и од тогаш за шпанскиот гигант запиша 122 настапи на кои постигна два погодоци.

За десниот бек премиерлигашот на Барселона ќе и исплати 30 милиони евра, плус десет милиони во вид на бонуси и варијабли.

Семедо со тимот во кој преовладуваат португалски фудбалери потпиша тригодишен договор со можност истиот да се продолжи на две дополнителни сезони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни