Поврзете се со нас

Евролига

Барселона и Милано ги потврдија полуфиналните парови на Ф4 турнирот во Евролигата

Објавено

на

Екипите на Милано и Барселона се последните два патника на фајнл-фор турнирот на кошаркарската Евролига, откако вечерва славеа на мајсторките против Баерн Минхен и Зенит.

Барселона беше многу поубедлива и не дозволи втор пораз од рускиот состав на домашен терен, вечерва совладувајќи го Зенит со 79:53.

Шпанскиот претставник на полувреме имаше плус тринаесет, а до крајот Барселона само ја зголемуваше предноста, предводена од Хигинс со 15 и Калатес со 12 поени.

Армани Милано ја потврди фаворитската улога против Баерн, на полувреме водеше со десет поени разлика, на почетокот на последниот период имаше плус четиринаесет, а иако прокоцка голем дел од предноста, на крајот стигна до победа од 3:2 во серијата.

Шилдс со 34 поени бил најдобар реализатор кај Милано, додека Дилејни го завршил натпреварот со 16 поени.

Однапред се познати и паровите за полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн, каде Барселона ќе игра против Милано, додека Анадолу Ефес за противник ќе ја има ЦСКА Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни