Поврзете се со нас

Лига Европа

Барселона и Манчестер Јунајтед без неколку важни играчи за дербито во ЛЕ

Објавено

на

Барселона ќе му биде домаќин на Манчестер Јунајтед во првото од двете најавени соочувања во Лига Европа, а тренерите на двата тима ќе мораат да се адаптираат на ситуацијата со повредени и суспендирани играчи.

Домашниот тренер, Чави Ернандес има помалку проблеми, па нема да смета на Серхио Бускетс и Усман Дембеле, кои се уште не ги санирале своите повреди и не се подготвени за ова дерби.

Манчестер Јунајтед пак ќе допатува без пет важни играчи.

Лисандро Мартинез и Марсел Сабицер се суспендирани, додека на повреда се уште се жалат Антони, Антони Марсијал и Скот МекТоминеј.

Натпреварот се игра во четврток од 18:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни