Поврзете се со нас

Евролига

Барселона и без Миротиќ ја освои Валенсија, прво славје за Анадолу Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Барселона излезе како победник од шпанската пресметка против Валенсија во рамките на третото коло во Евролигата.

Каталонскиот гигант за ова гостување не можеше да смета на најдобриот играч Никола Миротиќ кој имаше позитивен тест на коронавирусот, ама и без него успеаа да ја добијат битката против избраниците на Понсарнау. Барса славеше со 71-66, а како клучна се покажа третата четвртина која момците на Јасикевичиус ја реализираа со 21-9.

Во втората сезонска победа прво име беше Шмитс со 15 поени, 7 скокови и 2 асистенции, Абринес и Дејвис пак додадоа по 11 кошеви, додека плејмејкерот Калатес реализираше 14 кошеви со 3 скока и 5 асистенции.

Кај домаќините листата на стрелци ја предводеше балканската комбинација Калиниќ и Дубљевиќ со по 13 поени.

Анадолу Ефес во третиот обид дојде до првата сезонска победа во Евролигата и тоа против Алба во Берлин. Турскиот претставник триумфираше со 93-72, а лидер во победата беше центарот Плајс со 23 кошеви и 6 скокови. Воедно не треба да се заборави партијата на српскиот репрезентативец Мициќ од 13 поени, но и дури 13 асистенции.

На последниот дуел Жалгирис славеше над Звезда во Белград со 75-69. Одложени пак беа дуелите Асвел-Панатинаикос и Басконија-Зенит, причината е заразени членови со коронавирус во таборот на францускиот и рускиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни