Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона и Атлетико постигнале договор за Гризман

Објавено

на

Барселона и Атлетико Мадрид се на добар пат да постигнат договор за заокружување на трансферот на Антоан Гризман.

Французинот минатата година беше позајмен во Атлетико со тоа што зделката требаше да биде затворена со тоа што „колчонеросите“ ќе исплатат 40 милиони евра. Меѓутоа поранешниот шпански шампион пронајде „дупка“ во договорот и почна да ги „ситни“ минутите на напаѓачот се со цел трансферот да не стане перманентен, потег кој не им се допадна на луѓето од „Камп Ноу“ и според информациите на медиумите се најавуваше и тужба.

Сепак на крајот клуботите одлучиле да седнат на маса и се согласат Гризман да стане играч Атлетико за 20 милиони евра, плус уште два милиони евра како бонуси.

Се очекува официјална потврда за ова по што ќе завршат проблемите за напаѓачот, но и за тренерот Диего Симеоне кој во изминатиов период мораше да ги слуша клупските директиви и да си „игра“ со минутажата на францускиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни