Шпанија
Барселона и Атлетико честеа со фудбалски спектакл со осум голови и најава за драматичен реванш

Барселона и Атлетико Мадрид одиграа натпревар (4:4) за паметење во полуфиналето на шпанскиот фудбалски Куп и најавија и возбудлив реванш на стадионот на денешниот гостин.
Гостите имаа фуриозен старт и со головите на Алварез и Гризман во првата и шестата минута ја шокираа Барса со водство 0:2.
Каталонците брзо се соземаа, па од 19 до 21. минута возвратија на ист начин, односно Педри и Кубарси го вратија својот тим на 2:2, а нешто подоцна домашниот состав направи и целосен пресврт.
Мартинез реализираше со глава по корнер изведен од Рафиња, па Барселона на полувреме замина со предност од 3:2.
Тој резултат беше активен до 72. минута, кога по одличниот потег на Јамал, Левандовски без проблеми реализираше за 4:2 и големо славје за домашниот состав и фановите.
Сепак, тоа не значеше дека Атлетико се откажал од позитивен резултат и во завршницата успеа повторно да испорача шокантни моменти за противникот.
Љоренте во 84. минута намали, а Сорлот во 93. минута израмни на 4:4, со што двете екипи ќе мора да го решаваат патникот во финалето на реваншот на 2. април.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Драма во судиското продолжение во Скопје: Миовски го искористи подарокот од Ален, Брукс го спаси Велс од пораз во 96.минута (ВИДЕО)