Шпанија
Барселона го загуби и капитенот за наредните неколку натпревари

Барселона нема да смета на Серхи Роберто наредните неколку недели, што значи дека тренерот Чави остана без искусниот фудбалер во ротација и капитенот нема да биде во комбинација ниту за претстојното „Ел Класико“.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Роберто заработил повреда на денешниот тренинг со соиграчите и ќе мора да оди на принудна пауза.
Каталонски „Спорт“ тврди дека капитенот на Барселона ќе го пропушти дербито со Реал Мадрид, исто како и соочувањата со Атлетик Билбао и Шахтјор, а неговиот настап е сериозно неизвесен за тешкиот дуел со Реал Сосиедад.
Фудбалерот на Барса го пропуштил денешниот тренинг натпревар против вториот тим бидејќи претходно почувствувал болка, а прегледите покажале проблем на десната нога.
„Спорт“ проценува дека ако рехабилитацијата оди со вообичаеното темпо, Чави ќе може да смета на капитенот за пресметката со незгодниот Реал Сосиедад на 4. ноември.
Од претходно на проблеми се жалеа Јамал и Балде, а повредени се и Кунде, Де Јонг, Левандовски и Педри.
-
Италијапред 22 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 12 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Италијапред 9 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)
-
НБАпред 22 часа
Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)