Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го реши Билбао и обезбеди финале во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона е првата екипа која обезбеди место во големото финале на Супер Купот на Шпанија и тоа откако вечерва во Џеда славеше над Атлетик Билбао со 2-0.

Избраниците на Флик постигнаа погодоци во вистинско време во првото и второто полувреме и се стекна со предност која беше недостижна за противникот. Гави со својот прв гол по повредата донесе почетно водство за каталонците во 17 минута на асистенција на Балде.

На стартот на вториот дел токму Гави испрати една топка до Јамал кој имаше страшен прием за да потоа и го матира Унаи Симон за позитива од два гола за фаворитот. Потоа Левандовски во 55 минута не реализираше 100 процентна шанса за 3-0 по што следуваше мирен период до самата завршница во која баскијците реализираа во 82 и 87 минута, меѓутоа двата погодоци беа поништени поради недозволени офсајд ситуации.

Ривал на Барса во големото финале ќе биде победникот од утрешното соочување меѓу Реал Мадрид и Мајорка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни