Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го разби Атлетико и го презема второто место во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Фудбалерите на Барселона му одржаа лекција на Атлетико Мадрид (3-0) во дерби средбата во шпанската Примера.

Иако каталонците не можеа на сметаат на многу играчи како Педри, Де Јонг, Балде, Феран Торес, Кансело, пред самиот натпревар отпадна и Кристенсен, избраниците на Чави Ернандес се снајдоа на жешкиот терен на „Ванда Метрополитано“ и издвојуваа убедлива победа.

Ова за Атлетико е прв пораз пред своите гледачи, пораз кој дојде по незаборавната вечер во Лигата на шампионите, вечер во кој беше елиминиран калчолигашот Интер.

Меѓутоа ова вечерва беше сосема друга приказна во која Барса беше поконретна и знаеше да ги матира избраниците на Чоло Симеоне. Се започна во 38 минута кога Гундоган и Левандовски ја донесоа топката до Жоао Феликс кој го матираше Облак.

На стартот на вториот дел убав гол за зголемување на водството даде Левандовски, а Полјакот во 65 минута беше асистент при погодокот со глава на Фермин Лопез.

Сега актуелниот шампион е втор на табелата со 64 бода, поточно има осум помалку во однос на лидерот Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни