Поврзете се со нас

Свет

Барселона го растури Реал и го подигна трофејот во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона се освојувачи на трофејот во Купот во Шпанија и тоа откако вечерва во големото финале му одржаа лекција на вечниот ривал Реал Мадрид.

Каталонците имаа апсолутна контрола на играта и резултатот од првата до последната четвртина и сосема заслужено славеа со 88-73 во Мадрид. Барселона беше импресивна пред се во првиот дел кој го доби со 21 разлика (52-31) и водена од тоа знаеше како да се постави во продолжение, да ја одбрани предноста и добие битката против четата на Ласо.

Хигинс кој воедно беше прогласен за МВП беше најдобар со 20 поени, Миротиќ додаде 12 исто како и Калатес кој зад своето име имаше и 5 скокови и 9 асистенции.

Кај Реал центарот Таварес уфрли 17 кошеви со 9 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни