Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го поздрави „Феноменот“: Пред 25 години го креираше ова уметничко дело (Видео)

Објавено

на

Луис Назарио Де Лима Роналдо ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи на сите времиња, но според многумина, тој е убедливо најталентираниот играч кој се појавил на светската фудбалска сцена.

Тешките повреди на кариерата спречија да видиме уште поблескава кариера од онаа која ја имаше, но и покрај сериозните проблеми, „Ил Феномено“ остави фудбалско наследство кое ќе се прераскажува и пренесува од генерации на генерации.

Иако неговата кариера имаше необичен тек и се претвори во вистинска легенда на Реал Мадрид, самиот Роналдо има признаено дека убедливо најдобриот гол го постигна Барселона во неверојатната сезона која ја одигра под водство на Сер Боби Робсон.

Денеска, се навршуваат точно 25 години од сензационалниот гол кој го постигна против Компостела во шпанскиот фудбал, мајсторија по која легендарниот Робсон се фаќаше за глава, а која денеска Барселона не заборави да ја поздрави.

– На денешен ден пред 25 години….. Роналдо го креираше ова уметничко дело

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни