Евролига
Барселона го потврди првото место, супер важна победа за „кралевите“ (ВИДЕО)

Екипата на Барселона славеше над Фенербахче во Истанбул (82-73) и го потврди првото место во Евролигата.
Ова за каталонците беше 24 триумф со што се недостижни за ривалите, односно ја освоија „титулата“ во регуларниот дел во најквалитетното европско натпреварување. Курич со 16 поени беше најефикасен играч, зад него останаа Дејвис (13) и Миротиќ (12).
Кај Фенер се истакна американскиот центар О’Квин со 17 кошеви.
Реал Мадрид го доби Олимпијакос со 72-63 и направи голем исчекор кон Топ 8, односно плејофот во Евролигата. Расположен за игра беше аргентинскиот репрезентативец Дек со 18 поени и 5 скока, додека Таварес застана на 15 кошеви и 8 скокови.
Најсветла точка кај поразените беше Везенков со 22 поени.
Останати резултати:
Алба Берлин-Валенсија 86-90
ЦСКА Москва-Химки 97-72
Зени-Асвел 87-53

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 18 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо