Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го потврди првото место, незгоден пораз за Звезда (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона го оправда статусот на фаворит и го совлада Фенербахче со 88-67 во „Палау Блауграна“, а со тоа воедно ја обезбеди првата позиција во Еверолигата.

Шпанскиот претставник беше подобар во три од четирите четвртини, па тренерот Јасикивечиус имаше простор да им даде шанса на сите играчи од кои најдобро ја искористија Миротиќ и Абринес кои заедно искомбинираа 36 кошеви.

Кај Фенер кој веќе одредено време е во „црна дупка“ се истакна Гудуриќ со 15 кошеви.

Црвена Звезда пак загуби во Берлин кај Алба (74-70) и со тоа направи чекор наназад во борбата за плејофот во најквалитетното европско натпреварување.

„Црвено-белите“ немаа одговор за Ло и Смит, првиот уфрли 22, вториот 17 кошеви. Залудни за гостите од Белград беа 18 поени на Волтерс.

На другите дуели Монако ја доби Басконија со 78-68, Олимпијакос како гостин го преслуша Асвел со резултат 94-80.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни