Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го потврди Депај, должината на договорот е невообичаена

Објавено

на

Барселона официјално го потврди трансферот на Мемфис Депај, со што веќе го ангажираше и четвртото засилување во актуелниот преоден рок.

Иако одамна беше навестувано и очекувано дека холандскиот репрезентативец ќе пристигне на „Камп Ноу“, од попладнево тоа е потврдено од каталонскиот клуб.

Депај го напушти Лион како слободен агент, а со Барселона интересно потпишал само двегодишен договор.

Напаѓачот ги минал лекарските прегледи за време на Европското првенство каде настапува за својата репрезентација, а фановите ќе мора да причекаат за официјалната презентација во новиот клуб.

Претходно, Барселона го потврди ангажирањето на Емерсон, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни