Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го понижи Фенербахче во Евролигата

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона го добија натпреварот против Фенербахче во Евролигата, но се погрижија и за вистински дебакл на гостинската екипа.

Шпанскиот прволигаш победи со 97:55 и го посрамоти противникот, кој во второто полувреме постигна само 26 поени за 20 минути.

Ситуацијата беше најавена по првиот период, а јасна веќе на полувреме, но Каталонците продолжија да го полнат кошот на турскиот претставник и на крајот славеа со речиси двојно повеќе постигнати поени.

Курик со 25 и Смит со 20 поени биле најефикасни кај победникот, додека во редовите на Фенербахче само еден кошаркар имал двоцифрен учинок и тоа Браун кој го завршил мечот со 10 поени.

Лошо помина и Жалгирис на гостувањето кај Макаби (85:57), Олимпијакос ја победи Алба со 75:71, додека ЦСКА Москва славеше против шпанскиот првак Басконија со 89:86.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни