Евролига
Барселона го положи првиот испит во Москва, Олимпијакос преку драма до триумф во Тел Авив (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона успеаа да го положат првиот од двата предизвици во Москва во рамките на двојната програма во Евролигата во оваа седмица.
Шпанскиот вицешампион славеше над Химки со 87-75 со што дојде до второто место на табелата. Барса ја преземе контролата во втората четвртина и го диктираше темпото и резултатот до самиот крај. Хигинс и Курич реализираа по 18 поени, но вреди да се спомени и Калатес кој на 8 поени, 3 скока и 2 украдени топки додаде неверојатни 15 асистенции.
Стандардно кај Химки прво име беше Швед со 23 поени.
Барса останува во Москва затоа што на 15 јануари ќе се соочи со лидерот ЦСКА.
Олимпијакос пак го доби најдраматичниот натпревар и тоа против Макаби Тел Авив во Израел. По 40 минути резултатот беше нерешен 73-73 по што следуваше продолжение во кое гостите од Грција подобро се снајдоа за конечни 89-87.
Слукас имаше дабл-дабл од 21 поен и 11 асистенции, додека на спротивната страна залудни беа 25 кошеви на Вилбекин.
Останати резултати:
Фенербахче-Басконија 96-76
Милано-Валенсија 95-80
Анадолу Ефес-Алба Берлин 84-76

- Светпред 19 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 23 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 22 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 21 час
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Германијапред 24 часа
Шалке 04 назначи петти тренер од стартот на сезоната, легендарниот Матеус ги осуди јануарските засилувања (Фото)
- НБАпред 23 часа
Јанис трипати го „прелета“ Јокиќ, но доби кошаркарска лекција за возврат (Видео)
- Шпанијапред 18 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 20 часа
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус