Поврзете се со нас

Англија

Барселона го побарала Мегваер како дел од пакетот за Де Јонг, Јунајтед го одбил предлогот!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и Барселона се во преговори за трансферот на Френки Де Јонг на „Олд Трафорд“, а додека траат разговорите англиските медиуми излегоа со една вест која дефинитивно е големо изненадување.

Според „Сан“ шпанскиот великан побарала од премиерлигашот Хари Мегваер да биде дел од трансферот за Де Јонг, предлог кој веднаш бил одбиен од клубот од Манчестер.

Стоперот имаше сезона далеку под очекувањата, имаше огромни критики на негов адреса и навистина е шокантно ако Барса се обидувала да дојде до неговите услуги. Наводно тренерот Ерик Тен Хаг бил пречката затоа што сака да работи со англискиот репрезентативец кој своевремено пристигна од Лестер за 80 милиони фунти.

Сепак оваа информација на „Сан“ треба да се земе под знак прашалник со оглед на тоа што шпанските медиуми постојано инсистираат на тоа дека Барса сака само кеш за Френки за да ја подобри својата финансиска ситуација која е далеку од иделана.

Се очекува во наредните часови, денови да се знае дали играчот за врска ќе се пресели во Јунајтед кој на овој начин би го добил првото големо засилување во ерата на Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни