Евролига
Барселона го отпушти Нето и ги шокираше фановите со неговата замена
Кошаркарската секција на Барселона донесе две интересни одлуки во ист ден, а првата и поочекувана е разделбата со еден кошаркар.
Се работи за Бразилецот Раул Нето, кој одигра само два натпревара и поради проблеми со повреди не успеа да се наметне во шпанскиот клуб, по што сега е ослободен од обврските од страна на евролигашот.
Она што ги шокираше фановите на Барса е изборот за негов наследник, а тоа е Томас Ертел, играчот кој веќе го носеше сино-црвениот дрес и на контроверзен начин се раздели со Каталонците.
Ертел бил во игра и по сериозната повреда на Нико Лапровитола, но раководството тогаш отстапило од првичната идеја, плашејќи се од негативна реакција кај фановите.
По заминувањето на Нето очигледно морала да се активира оваа комбинација, па Ертел потпишал до крајот на сезоната.
Французинот беше без ангажман откако во ноември се раздели со кинескиот тим во кој настапуваше и формата ја одржувал со индивидуални тренинзи. Во минатото ги разбесни сите во Барса откако клубот дозна дека тајно преговара со Реал Мадрид, потег поради кој беше исфрлен од тимот, а потоа и навистина потпиша за големиот ривал.
-
Светски првенства15 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП13 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија12 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал