Евролига
Барселона го освои жешкиот терен во Белград, важна победа за Анадолу Ефес (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона успеаа да слават на жешкото гостување кај Партизан во Белград во рамките на 31. коло во Евролигата.
Домаќините имаа огромна поддршка од трибините, поставија нов рекорд по број на посетеност во актуелнава кампања, но тоа не беше пречка за шпанскиот великан да одговори на теренот и дојде до славје од 89-80 со кое продолжува да се бори за што подобра стартна позиција на табелата пред плејофот во најквалитетното европско натпреварување.
Лапровитола беше автор на 25 поени, Миротиќ додаде 19 со 8 скокови, а одличен беше и Весели со 14 поени. Кај „црно-белите“ кои ќе продолжат да ја остварат својата цел (Топ 8) најсветла точка беше Егзум со 24 поени.
Анадолу Ефес ја доби важната пресметка со Олимпија Милано (89-69) и останува во игра за разигрувањето. Актуелниот првак има учинок 15-16 и во моментов е на 10 позиција на табелата.
Ларкин со 18 и Клајбурн со 16 поени беше први стрелци, Луваву-Кабаро пак со 19 беше прв поеднинец кај „манекените“.
Останати резултати:
Макаби ТА-Виртус Болоња 111-80
Панатинаикос-Баерн Минхен 86-76
Басконија-Алба Берлин 93-87
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 10 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 23 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 10 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето