Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го освои Милано за потврда на првото место во Евролигата, Баерн најде решение за Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона остварија уште една победа во Евролигата со што само потврдија дека се најконстантната екипа во оваа сезона во најквалитетното натпреварување на стариот континент.

Каталонците славеа над Олимпија Милано со 72-56 и сега имаат три победи повеќе во однос на италијанскиот претставник, ЦСКА Москва, Анадолу Ефес, Баерн Минхен кои имаат ист учинок 19 победи и 11 порази.

Миротиќ со 15 и Ханга со 11 кошеви беа најдобри стрелци за Барса, Шилдс со 10 поени беше прв стрелец кај „манекените“.

Баерн Минхен преку драма славеше над Анадолу Ефес со 80-79 и на тој начин ја прекина низата од осум победи на клубот од Истанбул. Најрасположен за игра беше Србинот, Лучиќ со 18 поени, еден повеќе за поразените даде бекот Мициќ.

На другите две средби Валенсија и Црвена Звезда како гости беа подоби од Химки, односно Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни