Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го освои Белград и дојде до првото место во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона се нови лидери во најквалитетно европско натпреварувања-Евролигата.

Шпанскиот вицешампион дојде до оваа позиција откако славеше во Белград над Црвена Звезда со 72-60 со што на најдобар можен начин го искористи поразот на досегашниот лидер ЦСКА Москва од Фенербахче (89-83).

Каталонците водеа од почеток до крај во битката со „црвено-белите“ и сосема заслужено ја запишаа четвртата победа во низа. Хигинс со 14 и Ориола со 12 беше најефикасни во таборот предводен од Јасикевичиус, кај домаќините пак единствен двоцифрен беше Добриќ со 11 кошеви.

На останатите дуели Алба како гостин ја доби Басконија со 84-77, додека пак Жалгирс со фантастична завршница и серија од 9-0 се избори за славје против Олимпијакос (81-79).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни