Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го одбрани домашниот терен, брејк на Ефес во Милано (ВИДЕО)

Објавено

на

Започна плејофот во Евролигата и тоа со победи на двете екипи кои минатата сезона играа во финалето на ова натпреварување-тоа се составите на Барселона и Анадолу Ефес.

Каталонците кои заврши како први во регуларниот дел беа подобри од Баерн Минхен со 77-68. Како клучна во „Палау Блауграна“ се покажа втората четвртина која момците на Јасикевичиус ја реализираа со 23-11 и на тој начин си овозможина да заминат со двоцифрена предност на пауза (43-33).

Потоа Барселона имаше контрола на играта, резултатот и заслужено поведе со 1-0 во оваа серија. Дејвис со 19 поени беше далеку најрасположен играч кај победникот, на спротивната страна Лучиќ немаше соодветна поддршка и залудно беа неговите 20 кошеви.

Анадолу Ефес направи брејк и триумфираше во Италија над Олимпија Милано со резултат 64-48. Четата на Месина беше подобра само во првиот период, ама потоа дојде одговорот од актуелниот првак кој беше порасположен заигра и дојде до победа која може да биде од исклучителна важност во пресметката.

Ларкин и Мициќ уфрлија по 16 поени, кај Милано единствен двоцифрен беше Мели со 10 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни