Барселона го обезбеди потписот на одличниот Јанц

janc

Најдобриот шпански ракометен состав Барселона го обезбеди потписот на десното крило Блаж Јанц.

Словенецот ќе ја заврши оваа сезона во Кјелце по што од 1 јули ќе му се приклучи на новиот клуб во кој ќе остане најмалку до 2024 година. Јанц е еден од најдобрите играчи на својата позиција, има само 23 години, но веќе има собрано многу искуство како на клупски така и на репрезентативен план.

Јанц пред Кјелце играше во Целје од 2012 до 2017 година.

Facebook Коментари