Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона го надигра ПСЖ и ќе игра за титулата во ЛШ

Објавено

на

Ракометарите на Барселона се првиот патник во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите и тоа откако вечерва во Келн го добија тимот на Пари Сен Жермен со 37-32.

Избраниците на Чави Пасквал потврдија дека се подобра, поквалитетна екипа од „светците“ во овој момент, па ќе можат да му ја донесат десеттата европска титула на клубот секако со триумф со подобриот од пресметката меѓу Кил и Веспем која е закажана за 20:30 часот во „Ланксес Арена“.

ПСЖ само во првиот дел на првото полувреме беше подобар од Барселона, водеше и со три разлика, но како што одминуваше време каталонците беа се поквалитетни и поквалитетни, додада гас, го преземаа водството, се одлепија и на пауза заминаа со плус четири (18-14).

Шпанскиот гигант во продолжението имаше апсолутна контрола на резултатот, четата на Раул Гонзалес се обидуваше, ама немаше решение за каталонците кои сосема заслужено го приведоа мечот до самиот крај со сигурна победа и сега слободно можат да го испратат второто полуфинале во Келн, поточно видат кој ќе им биде ривал за пехарот кој да не заборавиме се уште е во рацете на Вардар.

Мем со 8 и Палмарсон со 6 гола беа најдобри стрелци кај победникот, Наи со девет гола пак ја предводеше поразената екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни