Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го избрала новиот тренер и денеска го информирала за одлуката

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Неверојатни пресврти се случија за краток период околу тренерската функција во Барселона, а најновата вест вели дека Чави сепак нема да остане во клубот.

Германскиот новинар Флоријан Плетенберг вообичаено ги има овие ексклузиви од својата земја, а пред малку објави дека Барселона го избрала Ханси Флик.

Ова е уште еден пресврт откако најпрвин Чави најави заминување по крајот на сезоната, Флик беше „откачен“ од Барса откако Чави се премисли и најави дека ќе го одработи договорот, за потоа својот став да го смени каталонскиот клуб.

Изјавите на Чави за финансиската ситуација во Барселона толку го налутиле претседателот Жоан Лапорта, што актуелниот тренер ќе се прости од екипата по последното коло во Ла Лига.

Флик нема да ја пропушти оваа шанса и му се враќа на клупскиот фудбал, откако последно беше селектор на Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни