Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона го губи здивот во битката за титулата: Освои само бод во пенал шоуто на „Камп Ноу“ (Видео)

Објавено

на

Барселона дефинитивно го губи здивот во битката за титулата во шпанската Ла Лига, откако и на трет натпревар по рестартот на сезоната освои само бод на тежок натпревар каков што беше овој вечерва со Атлетико Мадрид.

По реми средбите на гостувањето во Севилја и Селта Виго, Барселона одигра нерешено и вечерва во големото дерби со тимот на Чоло Симеоне, со тоа што на двапати не ја искористи предноста од еден гол која ја имаше во првото и второто полувреме.

Натпреварот на „Камп Ноу“ ќе остане запаметен и по тоа што судијата Ернандез процени дека ќе бидеме сведоци на пенал шоу, па така видовме дури три изведувања од белата точка, или поточно четири ако се знае дека еден беше повторен.

Барселона поведе со автоголот на Диего Коста кој неспретно реагираше по еден корнер на Лео Меси, додека Саул Родригез израмни на 1:1 по пеналот кој го направи Артуро Видал. Пред да погоди Саул, треба да се напомене дека Тер Штеген му го одбрани ударот на Диего Коста, но пеналот беше повторен бидејќи германскиот чувар на мрежата ја напушти гол линијата пред да шутне напаѓачот на Атлетико.

Ревизијата ја направи ВАР и Саул израмни на 1:1, а во вториот дел видовме уште два пенали, по еден на двете страни. Најпрво Лео Меси беше сигурен и погоди за 2:1, додека Караско одново се избори за нова најстрога казна, а сигурен реализатор повторно беше Саул.

Ова се случи во 62-та минута, а до крајот не се менуваше резултатот и Барселона одново остана пократка за два драгоцени бода во битката за титулата. Со овој епилог, Барса со натпревар повеќе има еден бод помалку од Реал Мадрид, кој пак сега може да отиде на плус четири доколку слави над Хетафе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни