Поврзете се со нас

Евролига

Барселона го доби „Ел Класико“, прва победа за Виртус Болоња

Објавено

на

Кошаркарската Евролига денеска понуди четири натпревари, во кои фановите видоа неизвесни и квалитетни дуели на кои домаќините остварија три победи.

Најголемо внимание предизвика „Ел Класико“ пресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид, на која домашниот тим победи со 75:73 и оствари важен триумф во дуелот со најголемиот шпански ривал.

Барса долго доминираше и имаше сигурна предност, но Реал со солидна серија врати дел од неизвесноста, иако на крајот не успеа да направи и пресврт.

Санли со 14 и Весели со 13 поени биле најефикасни кај победникот, додека Дек постигна 21 поен во редовите на Реал.

Виртус Болоња ја оствари првата победа сезонава и тоа против Баерн (66:63), а најефикасни кај домаќините биле Лундберг со 13, односно Вимс и Теодосиќ со по 9 поени.

Монако по продолжение славеше над Анадолу Ефес со 95:92, додека Панатинаикос ја победи Црвена Звезда во Белград, со резултат 75:77.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни