Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ги средува последните детали, Кансело ќе го засили тимот на Чави

Објавено

на

Foto: twitter.com/premierleague

Жоао Кансело е пред промоција во Барселона, а шпанскиот шампион ги прецизира последните детали околу договорот за негов заем од редовите на Манчестер Сити.

Добро информираниот портал „Атлетик“ утринава објави дека 29-годишниот Португалец сигурно ќе пристигне во каталонскиот клуб и ќе биде сериозно засилување на десната страна за тимот на Чави.

Продажбата на Усман Дембеле во ПСЖ ослободи доволно средства за ангажманот на Кансело, инаку медиумот тврди дека Барса не би можела да си ја дозволи платата која ќе ја добива португалскиот репрезентативец, најмногу поради ограничувањата за буџетот од страна на Ла Лига со таканаречениот „селари кап“.

Кансело сезонава не е вклучен во активностите на тимот на Пеп Гвардиола и јасно е дека ќе настапува за друг клуб, што ќе биде ново позајмување, по тоа во Баерн Минхен минатата сезона.

Португалецот забележа 20 настапи за една полусезона, но Баварците не одлучија да го откупат неговиот договор од Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни