Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ги потврди тешките повреди на Де Јонг и Педри (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона не успеа да профитира од ремито на Реал Мадрид на „Месталја“ и не успеа да ја намали предноста на „кралевите“, бидејќи вчера одигра доста разочарувачки натпревар на тешкото гостување на „Сан Мамес“.

Тимот на Чави Ернандес не беше баш инвентивен и не пронајде течност во играта за да ги загрози баскијците, но покрај резултатот, дополнително лоша вест за тренерот беа повредите.

Френки Де Јонг и Педри сами си нанесоа штета во првото полувреме и кога се работи за такви повреди обично импресиите се најлоши, а официјалните соопштенија кои ги објави клубот денеска потврдија дека двајцата ќе отсуствуваат од три до пет недели.

Тоа значи дека Френки и Педри нема да играат на реваншот против Наполи во осминафиналето во Лигата на шампионите, но нема да им се стават на располагање ниту на своите репрезентации во месец март.

Најдобрите прогнози се дека двајцата ќе се вратат на почетокот на месец април, па ова се дополнителни главоболки за Чави кој сега во средниот ред остана само со Ромеу, Роберто, Гундоган, Фермин и Кристенсен кој принудно игра како везен играч.

Де Јонг го извитка зглобот и стадионот го напушти на патерици, додека Педри по трет пат оваа сезона ја повреди истата мускулна зона и одново ќе мора да направи пауза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни