Барселона ги одреди четирите капитени, две нови лица добија голема одговорност (Фото)

mesi-kapi

По заминувањата на Андрес Иниеста и Хавиер Маскерано, беше јасно дека во Барселона ќе има драстични промени кога е во прашање капитенската лента, бидејќи овие двајца играчи го сочинуваа кваретот од фудбалери кои имаат најголема одговорност при носењето на важни одлуки по одредени прашања.

Каталонскиот гигант денеска објави како ќе изгледа новиот квартет на капитени, а во истиот предничат Лионел Меси кој сега ќе ја има улогата на пвр капитен, следен од Серхио Бускетс кој од четврти сега е втор избор. Покрај овие двајца, голема одговорност во новата сезона ќе има и Жерард Пике кој конечно дочека шанса да биде еден од четворицата избраници за оваа одговорна функција, додека истата е затворена со Серхи Роберто.

Барселона на овој начин јасно стави до знаење дека во прв план се уште се фудбалерите кои се тесно поврзани со визијата на клубот, бидејќи сите четворица играчи се продукт на „Ла Масија“ школата на Барса.

Facebook Коментари