Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ги одбра капитените, нема место за Левандовски во одбраното друштво (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_es

Барселона остана без две легенди по крајот на минатата сезона-тоа се Серхио Бускетс и Жорди Алба кои го напуштија клубот и се преселија во САД каде ќе играат за Интер Мајами.

Ова значеше крај на една ера, но воедно и можност за останатите играчи да се наметнат како лидери. Бускетс беше капитен, додека пак Алба еден од замениците што значеше дека нови играчи ќе добијат шанса, да се истакнат на ова поле.

Познати се четворицата играчи кои ќе ја имаат најголемата одговорност во следната кампања, па така прв капитен ќе биде Серхи Роберто кој доби најмногу гласови од колегите.

Прва замена ќе му биде голманот Марк Андре Тер Штеген, додека потоа по редоследот следат стоперот Роналд Араухо и Френки Де Јонг.

Се споменуваше името на Роберт Левандовски како можен капитен, заменик, иако е само една година е во Барса, ама е меѓу најискусните, највлијателните луѓе во групата, меѓутоа на хартија не доби поголема задача.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни