Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ги израдува навивачите: Педри останува на „Камп Ноу“ до 2026 година (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона и официјално потврди дека е постигнат договор со Педро Гонзалес Лопез за продолжување на соработката до 30 јуни 2026 година.

Популарниот Педри беше претставен како нов играч на каталонците во август 2020 година и иако требаше постепено да се вклопува наметнува, тој играше на толку високови ниво и ја доби довербата на тренерот Роналд Куман кој едноставно беше принуден тинјеџерот да биде стандарден првотимец.

Офанзивецот во својата прва сезона на „Камп Ноу“ настапи на 53 натпревари или севкупно земено со оние во дресот на Шпанија вкупно 74 со што беше играч со најмногу одиграни мечеви во Европа. Сето ова придонесе Барса да реагира и да го „врзе“ тинејџерот кој претставува сегашност и иднина на клубот со договор до 2026 година и клаузула вредна милијарда евра.

Официјално договорот ќе биде потпишан утре во канцеларијата на претседателот Жоан Лапорта по што ќе следи и прес конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни