Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона е многу блиску да ја затвори „операцијата Бускетс“

Објавено

на

foto:twitter.com/sergino_dest

Заминувањето на Серхио Бускетс дефинитивно е проблем за Барселона во ситуација во која шпанскиот шампион нема доволно финансински средства за да може да доведе соодветна замена, играч кој е прва желба на тренерот Чави Ернандес.

Чави имаше неколку имиња во глава, потоа се појавија други играчи откако стана јасно дека тие првични цели се неостварливи за да сега на крајот по се изгледа фокусот е ставен само на членот на Џирона, Ориол Ромеу.

Веќе 10-15 дена се говори за оваа опција и како што стојат работите Ромеу е блиско до преселба на „Камп Ноу“. „Спорт“ пренесува дека операцијата се движи во вистински правец и истата може многу брзо да биде затворена.

Желбата е Ориол да биде дел од тимот на Барселона кој ќе замине на турнеја во САД каде ќе бидат одиграни пријателски средби со Јувентус, Арсенал и Реал Мадрид.

Ромеу има 31 година, тој е произлезен од Ла Масија, играно играно за Барса Б и забележано еден настап за Барса по што замина во Англија, имаше и епизода во Германија пред да се врати во својата татковина во 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни