Англија
Барселона е голем клуб, не преговара со Лидс за нивниот најдобар играч поради една причина

Од таборот на Барселона сериозно се заинтересирани во своите редови да го донесат бразилскиот репрезентативец и најдобар фудбалер на Лидс Јунајтед, Рафиња.
„Каталонците“ уште од февруари го исконтактирале фудбалерот кој изразил подготвеност да заигра на „Камп Ноу“ и тогаш начелно биле потврдени рамките околу тоа како би изгледал договорот на играчот.
Се знае дека доколку се пресели во Барселона, Рафиња ќе потпише петгодишен договор, а веќе е позната и сумата која би ја заработувал како играч на каталонскиот клуб.
Трансферот е далеку од реализација во овој момент затоа што Барселона воопшто не стапила во контакт со челниците на Лидс Јунајтед за да се отпочнат преговори за Рафиња.
Причината била едноставна, гигантот од Шпанија ја увидел ситуацијата во која е Лидс и не сакал да врши дополнителен притисок врз управата и да ја нарушува атмосферата во клубот сега кога тимот од „Еланд Роуд“ грчевито се бори за опстанок.
Рафиња нема откупна клаузула во договорот со Лидс, но има клаузула доколку тимот испадне во Чемпионшип лигата тој да си замине за сума од 25 милиони евра.
-
Англијапред 21 час
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 14 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 21 час
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 20 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика