Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона дополнително оштетена по вчерашното финале, поради грешка во договорот ќе плати уште пет милиони на Ливерпул

Објавено

на

Како малку беше тоталниот дебакл и срамот кој го добија во четвртфиналето од екипата на Баерн Минхен кога загубија со 8:2, сега Барселона се соочува со нов непријатен момент.

Овој пат не станува збор за резултатска катастрофа, туку информацијата е поврзана со финансиите на клубот.

Имено, во преговорите помеѓу Барселона и Ливерпул била вметната клаузула дека каталонскиот клуб ќе мора да исплати уште пет милиони евра на Англичаните доколку Фелипе Кутињо ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Каталонците нормално дека се согласиле на ваквата клаузула, но во неа не било потенцирано дека клубот ќе мора да плати пет милиони евра само доколку Кутињо ја освои титулата со Барселона, а не со некој друг клуб, како што сега е случајот.

Бразилецот игра како позајмен фудбалер во Баерн Минхен токму од Барселона, му даде два погодоци на клубот кој го поседува неговиот договор, а сега ги олесни со плус пет милиони евра.

Во Ливерпул ќе го добијат овој бонус иако Барселона беше далеку од титулата во Лигата на шампионите оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни