Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона донесе конечна одлука за Кутињо откако Баерн навести дека нема да го купува Бразилецот

Објавено

на

Фелипе Кутињо оваа сезона настапува како позајмен фудбалер во редовите на Баерн Минхен, но ни од далеку не ги прикажа игрите кои беа посакувани од него, па јасно е дека „баварците“ нма да ја активираат клаузулата за целосно да го откупат неговиот договор.

Тоа им направи проблем на „кталонците“ кои пак сакаат да се ослободат од Кутињо кој пред две и пол години пристигна на „Камп Ноу“ за високи 145 милиони евра.

За Бразилецот сега постои интерес од неколку клубови од Премиер лигата, но ниту еден не е подготвен да издвои близу 100 милиони евра за да ги добие неговите услуги, па Барселона се соочува со проблеми со неговиот статус.

Наводно од шпанскито клуб сега биле подготвени да го испратат Кутињо на уште една позајмица, но на заинтересираните клубови ќе им дадат два услови.

Имено, најпрво треба да бидат платени девет милиони евра за позајмицата, а потоа клубот кој ќе го донесе Кутињо целосно да ја подмири неговата плата која изнесува високи 11 милиони евра годишно.

Тотенхем е заинтересиран за Кутињо, но во моментов нема толку финансиски средства, па така сега останува на Челси, Арсенал и Њукасл кои исто така се заинтересирани да одлучат дали ќе ја прифатат оваа понуда од Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни