Евролига
Барселона дојде до 15. евролигашка победа, Звезда е во криза (ВИДЕО)

Барселона ја прослави 15. победа во Евролигата која дојде во пресметката со Баерн Минхен која ја реализираше со резултат 72:70.
Голема борба се водеше во „Палау Блауграна“, а во истата последниот збор го имаа домаќините кои прво преку Хигинс постигнаа кош за водство на 21 секунда до крајот по што потоа успешно се одбранија и дојдоа до значаен триумф со кој се израмнија соо Олимпијакос и Реал Мадрид на врвот на табелата.
Миротиќ уфрли 12, Шанли и Весели по 10 кошеви, Валер Баб кај поразените беше автор на 15 поени.
Црвена Звезда влезе во криза во ова натпреварување и најдобар доказ е четвртиот последователен пораз кој го претрпе против Олимпија во Милано. „Манекените“ ги имаа Берон и Хал кои искомбинираа 29 поени, додека кај „црвено-белите“ Бентил беше прво име со 17 кошеви.
Најголемо разочарување беше Недовиќ кој уфрли скромни за него 4 кошеви.
На последниот натпревар Валенсија загуби од Макаби Тел Авив со 93:94.
-
Шпанијапред 18 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Германијапред 23 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Италијапред 19 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 22 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 21 час
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 13 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик