Шпанија
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон

Раководството на Барселона веќе почна да го крои составот за следната сезона, а португалските медиуми јавуваат дека Жоан Лапорта и неговите соработници веќе договориле трансфер на фудбалер од Премиер лигата.
Се работи за Рубен Невеш од Вулверхемптон, португалски интернационалец за кого новиот шпански првак ќе плати околу 30 милиони евра.
„А Бола“ како португалски медиум кој е добро упатен во трансферите пренесува дека Барса ќе го објави трансферот наредниве денови, а пред се и самиот Невеш побарал тоа да не се прави пред крајот на сезоната во Премиер лигата.
Невеш е планиран како наследник на Серхио Бускетс, а би требало да дојде во пакет заедно со Илкај Гундоган, чиј договор со Сити истекува ова лето.
Рубен Невеш досега има настапувано уште само за Порто, а во редовите на „волците“ пристигна во 2017 година.
-
Англијапред 21 час
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 21 час
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 23 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 23 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)