Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона добива големо засилување на средината на теренот

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Барселона го претрпе првиот сезонски пораз во Примера, а главата причина за тоа дефинитивно беше ротацијата на тренерот Ханси Флик на мечот со Осасуна, поточно Германецот излезе со тим кој тешко одново ќе го видиме во иднина и тоа дефинитивно знаеше да го искористи домаќинот на „Ел Садар“.

Меѓутоа тоа веќе е минато и Барса мора да се подготвува за два натпревари пред репрезентативната пауза, соочувањата со Јанг Бојс и Алавес во Лигата на шампионите и Ла Лига.

За овие дуели каталонците можат да добијат големо засилување и тоа во името на Пабло Мартин Паез Гавира-Гави кој мина низ долг процес на рехабилитација по повредата на коленото, ама сега е во самата завршница и веќе тренира со екипата некое време.

Дел од шпанските медиуми пренесуваат дека Гави би можел да добие зелено светло и да има минутажа на мечевите кои ќе се играат оваа седмица, но исто така како опција е оставено да не се ризикува, тој дополнитено да зацврсти преку тренинзи, работа и да се врати по паузата, поточно кога Барселона ја очекува тежок период, пресметки со Баерн Минхен, Реал Мадрид…

Ама фактот што големиот и енергичен борец е пред официјален кам-бек на терените е супер значајна вест за клубот и тренерот Флик кој едноставно има лимитиран ростер на располагање, состав кој во исто време е погоден од повреди.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни