Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона доби позитивни вести за Олмо

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Репрезентативните собири, акции секогаш знаат да бидат опасни, незгодни за клубовите затоа што се случуваат повреди кои знаат да направат проблеми со оглед на згуснатиот распоред и мечевите кои се играат на секои три-четири дена.

Барселона имаше доста играчи кои беа повикани за настап за своите селекции, а еден од нив беше Дани Олмо кој не го заврши дуелот со Србија во Лигата на нации.

Тој доби удар поради кој селекторот на Шпанците, Луис Де Ла Фуенте одлучи да го поштеди за пресметката со Швајцарија за да не се влоши повредата, потег кој дефинитивно наиде на одобрување од неговиот клуб.

Последните вести кои доаѓаат од Пиринеите носат позитивни вести за Дани и истите велат дека не се работи за нешто посериозно, па тој би требало да биде во конкуренција веќе за следната средба на Барселона против Џирона во Примера закажана за 15 септември.

Офанзивецот тргна одлично во нивиот клуб и на два натпревари даде два гола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни