Барселона доби одговор за жалбата за црвениот картон на Ленгле

Lengle-crven

Барселона испрати жалба до Шпанската фудбалска федерација барајќи поништување на црвениот картон на Клемен Ленгле, но оттаму стигна брз негативен одговор.

Ленгле беше исклучен поради удар со лакт на противнички играч на дуелот меѓу Барселона и Џирона и тоа со помош на ВАР технологијата, а одлуката на судијата Манцано предизвика многу контроверзи во Шпанија.

Сепак, федерацијата ја потврди суспензијата, па Ленгле ќе го пропушти гостувањето кај Леганес. На неговото место во составот на Барселона е вметнат Томас Вермален.

Facebook Коментари